Свет
27. March 2019 - 10:39

Страотна експлозија во Стокхолм, петмина повредени: Испукаа стакла од силната детонација, полицијата го блокираше подрачјето

Најмалку пет лица се повредено во голема експлозија во Стокхолм, соопшти денеска шведската полиција. Како што се наведува, најмалку двајца од повредените се префрлени во болница.

Според наводите на локалните извори, до експлозија дошло во индустриската зона, а причинета е штета на неколку згради.

Портпаролот на полицијата Фредерик Андерсон рече дека ова подрачје е затворено и дека е покрената истрага.

Во експлозија е оштетена фасада од зграда и автомобил во близина.

 

 

„Неколку лица се во состојба на шок, а еден од повредените има рани од стакло“, рече Андерсон.

Полицијата привремено го блокираше тоа подрачје и започна прелиминарна истрага за причината за инцидентот, но моментално нема службени информации.