Македонија
3. August 2018 - 11:29

Страотен верижен судар на патот Куманово - Крива Паланка: Моторџија во тешка состојба итно префрлен во Скопје

Вчера во 17,00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, кај с.Облавце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Дачија дастер“ со скопски регистерски таблици управувано од М.П. (70) од Скопје, патничко моторно возило “Цитроен“ со кумановски регистерски таблици управувано од И.П. (30) од с.Режановце-Куманово и мотоцикл без регистерски таблици, управуван од Ј.В. (23) од Куманово.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот Ј.В., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Куманово, по што бил префрлен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Во времето од 17,30 до 18,45 часот, сообраќајот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка бил во прекин.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.