Свет
7. јуни 2018 - 16:16

Страотен пожар проголта цела зграда: Мајка во очај го фрли бебето низ прозорец па и таа скокна

Голем пожар изби во еден стан во Андерсон, во Јужна Каролина, при што мајка беше принудена да го фрли своето 11-месечно бебе низ прозорец.

За среќа го фати соседот, поранешен маринец.

Мајката потоа исто така скокнала од прозорецот на вториот кат.

„Ова можеше лошо да заврши. Благодарни сме што не излезе така. Многу сме среќни што бебето се извлече без поголеми повреди“, рече пожарникарот Тревис Пур.

Бебето помина само со неколку модрици. Пламенот проголта еден стан, а уште три се оштетени.

Пожарот почнал кога некој од станарите на последниот кат оставил ручек да се готви без надзор.