Бизнис
2. July 2020 - 20:46

Странските туристи откажаа, фокусот е ставен на домашните гости

Странците ги откажаа аранжманите во земјава. Сега, туристичките работници чекаат домашните гости да ги наполнат капацитетите. Но, иако интересот на Макеоднците за домашен туризам е зголемен, очкувањата на хотелиерите не се преголеми.

Туристичките работници признаваат дека езерото не може да го замени морето, но земјава поседува толку многу други и поинакви решенија за одмор што годинава треба да се искористи за да се доживее ново искуство.

За поддршка на македонскиот туризам, Владата додели и ваучери на ранливите категории граѓани во висина од 100 евра кои ќе можат да ги трошат во сместувачките капацитети во земјава.