Бизнис
6. December 2016 - 19:48

Странските компании ја сменија структурата на македонскиот извоз

Третина од вкупниот извоз од земјава го сочинуваат машините и транспортните уреди. Пред десетина години оваа ставка изнесуваше помалку од 5% од вкупниот извоз. Фабриките кои работат во зоните придонеса да се смени структурата на извозот и сега наместо евтини, Македонија извесува софиситицирани производи со висока додадена врендост.

-Со извоз на пософистицирани производи се отвора потреба за квалификуван и повеќе платен кадар во земјава, што ќе придонесе за побрзо и реално, а не изнудено и краткорочно, покачување на платите во земјава, што на крајот ќе резултира со подигнување на стандардот на граѓаните.

Извозот заклучно со октомври достигна 4,3 милијарди евра или е два пати поголем споредено со пред една деценија, вели Миновски. Според него, тоа значи дека економските политики се правилно поставени во насока на создавање на конкурентна економија, која ќе создава производи барани на странските пазари, што е клучно за подобрување на животниот стандард.