Бизнис
31. January 2020 - 19:52

Странските инвеститори во Македонија се уште бараат решение за старите проблеми

Владата исполнила само 10% од забелешките на странските инветситори. Уште половина од проблемите кои ги запишаа во ланската бела книга се во процeс на преговарање и по изборите ќе може да се реализираат, најавува вицепрмеиерката за економски прашања. Инвеститорите пак велат дека за разлика од Собранието кое ќе прави пауза за изборите, бизнисот тоа не може да си го дозволи.

Високите царини за увоз на репроматеријали е еден од двата најголеми проблеми на странските инвеститори и нема решение веќе долго време. Царовска вели дека решението се бара и ќе биде применливо за сите. Вториот најголем проблем за инвеститорите е што во змејава заради ислеувањето има се помалку млади и стручни работници. Владата пак ќе го ублажува проблемот со мерки за преквалификација и доквалификација и реформа на образованието.

Советот на странски инвеститори во земјава ги претатсвува интересите на околу 130 комапнии.