Македонија
11. July 2015 - 17:22

Странските државјани кои транзитираат низ Македонија добија едукативни летоци за безбеден сообраќај

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска на граничниот премин Табановце делеше флаери за безбедно патување низ Македонија.

Флаерите им беа поделени на странците кои влегуваа во нашата земја, како дел од акцијата Летна кампања 2015 година, насочена кон безбедност на патиштата,  која се реализира во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.

Министерот Чавков потенцираше дека и понатаму ќе се работи на подобрување на безбедноста во сообраќајот, посебно на коридорите 8 и 10, кои имаат поголема фреквенција на патници.

Флаери ќе бидат поделени на сите гранични премини, со цел да се подигне безбедноста на странските патници кои поминуваат низ нашата земја.