Македонија
1. September 2024 - 21:16
Странски државјани купиле 10% од становите во Штип
Нереалниот енормен раст на метар квадратен стамбен простор во Штип е резултат и на зголемената побарувачка од страна на студентите од Р. Турција, смета проценителот на недвижности Глигор Ивановски. За нив најинтересни се новоизградените стамбени згради, каде претежно купуваат мали станови.
- Имам вршено проценки на такви станови што ги купуваат странски државјани, пред се од Турција. Тоа се малку, но според мене 10% од продажбата на станови ја купуват странски државјани. Тоа не е страшно, меѓутоа во овој момент тоа ја зголемува цената на становите по метар квадратен. Тие купуваат станови до 60 м2, не им требаат големи, дури купуваат и по 40-37 м2, гарсоњери, за да нивното дете има нормални услови за студирање, изјави Глигор Ивановски, проценител на недвижности
Математиката е проста, додава Ивановски, нема да изгубат од номиналната вредност, а ќе ја зачуваат и реалната од вложените средства.
- Ако 5 години треба да студира нивното дете овде тие ќе го купат со мотивација дека и доколку треба да го продадат, ќе си ги вратат вложените пари, додаде Ивановски
Според податоците на даночното одделение, во 2022 и 2023 година во Штип се продадени 650 станови со процента вредност помеѓу 20 и 30 милиони евра.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->