Свет
14. October 2021 - 10:36

Стотина семејства загрозени од шумскиот пожар на југот од Калифорнија

Повеќе од 1.300 пожарникари се борат со шумскиот пожар во планините на Јужна Калифорнија, каде се загрозени околу стотина ранчови и селски домаќинства.

Пожарот се простира на околу 62 квадратни километри во планинскиот реон Санта Ињес, западно од Санта Барбара.

Поради огнот е затворен и главниот автопат во округот.

Метеоролозите предупредуваат дека најавениот силен ветер може дополнително да го разгори огнот.

Пожарите во Калифорнија оваа година веќе изгореа 10.101 квадратни милји и уништија повеќе од 3.600 домови.