Македонија
31. August 2018 - 16:54

Столтенберг во Скопје идната недела

Генeралниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг идната недела пристигнува во Скопје, дознава Сител од дипломатски извори. Столтенберг, според неофицијалните информации, во Скопје ќе остане 2 дена кои ќе ги искористи за средби со државниот врв но и лидерите на политичките партии.

Од Владата денеска ниту ја потврдуваат ниту демантираат оваа информација

Во пресрет на закажаниот референдум, Македонија очекува голем број влијателни странски гости.

Посетата на Столтенберг најверојатно ќе биде во истата недела со веќе најавеното пристигнување на австрискиот канцелар Себастијан Курц идниот петок. Покрај нив, на помалку од месец дена пред закажаниот референдум во знак на поддршка на кампањата која ја води премиерот Заев во Скопје се очекува да пристигне и еврокомесарот Јоханес Хан.

Александар Спасовски – Сител Телевизија