Столтенберг во дводневна официјална посета на Македонија
Во пресрет на референдумот закажан за 30 септември, денеска во дводневна официјална посета на Република Македонија доаѓа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Првот човек на НАТО во Скопје треба да има средби со премиерот Зоран Заев, со министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и со други високи официјални претставници, информира владината прес-служба.
Средбата со Заев ќе се одржи утре во Клубот на пратеници, по што е предвидена и заедничка прес-конференција.
Генералниот секретар Столтенберг ќе слета вечер на аеродромот во Скопје, а ќе го пречека министерката Шекеринска.
Утре вo својата агенда покрај останатите активности и средби, генералниот секретар ќе го посети и Стајковци каде што во 2016 година војници и опрема на НАТО беа ангажирани за надминување на последиците од поплавата. Столтенберг ќе ја посети и касарната Илинден каде што ќе присуствува на показна вежба на припадниците на специјалните сили.
Во касарната Илинден предвидени се изјави за медиумите од Столтенебрег и Шекеринска.
Според агендата од прес-службата на НАТО, Столтенберг во Скопје ќе се сретне и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Талат Џафери.
Во пресрет на референдумот, во Скопје неделава доаѓаат и канцеларите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц.
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште