Македонија
4. April 2019 - 15:48

Столтенберг во американскиот Конгрес: Република Северна Македонија наскоро станува 30-та членка на НАТО

Република Северна Македонија наскоро станува 30-та членка на НАТО. Ова на американските конгресмени им го соопшти Јенс Столтенберг, во прво обраќање на еден генерален секретар на Алијансата во конгресот на САД, а по повод 70 години од формирањето на воениот сојуз. Во Вашингтон се одржува состанокот на НАТО на ниво на министри за надворешни работи, на кој прв пат учествува и Македонија, во својство на „поканета земја”. Шефот на дипломатијата Никола Димитров се сретнал со американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој ја пренел силната заложба на САД за приклучување на Македонија во НАТО до крајот на годинава. Ратификацијата на протоколот за членство на земјава во НАТО денеска помина во полскиот и во словачкиот парламент.

Горан Симоновски