Балкан
9. December 2015 - 18:29

Столтенберг утре во посета на Албанија

Генералниот секретар на НАТО,Јенс Столтенберг утре ќе престојува во официјална  посета на Албанија,сопштија од кабинетот на премиерот Еди Рама. 

Според соопштението цермонијата на дочек од страна на премиерот Рама ќе биде 10,45 часот, следува средба на двете делегации,по што двајцата ќе имаат прес  конференција. 

Иако нема официјална информација за целта на посетата, сепак медиумите во Тирана наведуваат дека е поврзана со меѓународната кампања за безбдост и борбата против Исламската држава.

Столтемберг ќе бид примен  од претседателот Бујар Нишани,министерката за одбрана Мими Кодели и шефот на дипломатијата,Дитмир Бушати.