Столтенберг пристигна во Скопје
Специјалниот авион на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг слета на Меѓународниот аеродром Скопје, а за околу еден час се очекува да слета и вториот авион во кој се амбасадорите на змејите членки на НАТО, односно Северноатланскиот совет (НАК), со нивните придружни делегации.
На аеродромот беа пречекани од висока владина делегација по што се упатија кон Собранието на Република Северна Македонија каде ќе се одржи свечен прием во нивна чест.
Утре на платото пред Владата ќе се одржи свечен пречек со највисоки државни и воени почести за генералниот секретар на НАТО Столтенберг. Тој во Владата ќе има и тет-а-тет средба со премиерот Зоран Заев по што ќе се одржи состанок на Северноатланскиот совет со Комитет за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО. Генералниот секретар Столтенберг утре ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно