Македонија
8. July 2016 - 18:50

Столтенберг: НАТО не сака нова Студена војна

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг порача денеска од Самитот на НАТО во Варшава дека Алијансата не бара судири.

– Не сакаме нова Студена војна. Тоа е историја и треба да остане, нагласи Столтенберг.

Се очекува НАТО да го зголеми военото присуство на исток. Во тој контекст, најавено е распоредување четири батаљони во Естонија, Летонија, Литванија и во Полска.

Лидерите на држави членки на Самитот ќе се усогласат и околу одржување формални разговори со Русија кои НАТО ги планира по завршувањето на самитот во Варшава.