Столтенберг: Излегувањето на Велика Британија од ЕУ ќе создаде ризик за поголема нестабилност
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вчера предупреди дека евентуалното излегување на Велика Британија од ЕУ ќе создаде ризик за поголема нестабилност во Европа, пренесуваат француските медиуми.
- Живееме во период обележен со многубројни закани и нестабилност. Немаме потреба од уште нестабилност. Имаме потреба од повеќе соработка во Европа, изјави Столтенберг во Брисел, во момент кога анкетите покажуваат лесна предност на приврзаниците на Брекгзитот на претстојниот референдум во Велика Британија, закажан за 23 јуни.
- Длабоко сум убеден дека тоа што навистина е важно за НАТО е едно силно Обединето кралство во една силна Европска Унија. Тоа е добро за Обединетото кралство, но, исто така и за НАТО, додаде шефот на Алијансата за време на конференција организирана од сајтот Политико Европа.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата