Ракомет
1. November 2019 - 19:49

Стоилов: Да се вратиме на победите во ЛШ

Раккометарите на Вардар в недела од 17.30ч во Скопје го пречекуваат белорускиот Мешков Брест во ново возбудување во ракометната лига на шампионите. 

Гостува екипа која славеше против црвено-црните на последниот настап пред македонската публика во рамките на СЕХА лигата.  Проблем се и повредите но се бара победа по тешките порази од Кил и Веспрем: 
„Тешки два меча во Лигата на шампионите и тешки порази се зад нас. Ни следи со Брест в недела, имаме многу проблеми со повреди, не се знае кој ќе игра, наше е да излеземе, да се бориме и да победиме“ , изјави капитенот Стоилов