Македонија
11. May 2018 - 15:04

Стоилковски: Срамно образложението дека Хоџа сам одлучил да се повлече

Срамно е образложението дека таканаречениот Командант Хоџа самиот одлучил да се повлече од висока владина функција веднаш до премиерот заради тоа што ја сакал Македонија. Зоран Заев лаже! Ве повикувам заедно да ја слушнеме изјавата на Хоџа во која самиот тој кажува колку му е на него грижа за Македонија.

Хоџа јасно вели дека не го интересира дали Македонија ќе постои или нема да постои. Јасно е дека Хоџа не го интересира дали Македонија оди напред или назад и дали државата функционира или не. Хоџа можеби сака некаква Македонија, но не унитарна и мултиетничка каква што е сега. Сега да погледнеме како размислува Хоџа за војна и  за припојување кон Албанија или Косово, пред да биде поставен на висока функција од неговата политички звезда Зоран Заев.

Почитувани,

Заев пред да го именува таканаречениот Командант Хоџа за свој премиерски советник ги знаел овие негови ставови. Така што Зоран Заев лаже. Тој се сретнал со него и разговарале за позициите на Џезаир Шаќири кој се наоѓа и на американската црната листа. И покрај се, Заев одлучил дека тој е најкомпетентен да му биде советник за безбедност и борба против радикализам.

Ваквото однесување на Зоран Заев е срамно. Ваквото мајтапење со граѓаните, државата и нејзините институции е недозволиво. Зоран Заев и сите оние кои што ги вршеле безбедносните проверки за Командантот Хоџа и препорачале тој да биде висок функционер мора да сносат одговорност. Пред само неколку дена дури и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го бранеше именувањето на Хоџа и не гледаше ништо спорно и контраверзно во фактот дека радикал од црната листа, чие име се поврзува и со убиство на полицаец, треба да го советува и премиерот и за полицијата.

Време е сите овие натуршци во македонската политика да си заминат. Граѓаните не заслужуваат ваква неодговорна и криминална власт.

Наум Стоилковски, портпарол ВМРО-ДПМНЕ