Македонија
13. October 2019 - 14:28

Стоилковски: Сите политичари што вршат јавна функција и Заев суштински да се отуѓат од сопственост во компании

Фарма Медика, Тргопродукт, Мамас Фуд, Омни Градба, Центроштепед, Тотал електроник, Еленица, Пеон, Сара Јавор, Тотал Инженеринг, Сара Инженеринг, Дравас Инженеринг, Електро Инженеринг, почитувани ова се 12 компании на кланот Заеви.

Зоран Заев на свое име нема ниту куќа ниту автомобил, нема го ниту БМВ моторот од 30.000 евра со кој што се шета низ Македонија. Тој е на фирмата Тотал Инженеринг.

Заев е предводник на Кланот Заеви и е пример за злоупотреба на моќ и позиција од јавни функционери за сопствените бизниси-од транспорт за РЕК Битола и правење ајвар, до ископ на глина преку плантажи за марихуана.

Фирмите на Заеви испумпуваат државни пари, преку РЕК Битола, експресниот пат Штип Струмица, и други градилишта финансирани од државата. Тоа е само еден пример. Фирма на кланот Заеви, доби дозвола за одгледување на медицинска марихуана во Свети Николе. Фирми на Заеви, го купија струмичкиот гигант Герас Цунев, над 20.000 м2, по цена на една на гарсоњера. Фирми на Заеви, стекнуваат сопственички удели во проекти за градби на згради, за суми од 40.000 евра, а вредни 10-тици пати повеќе.

Заев го префрли криминалниот начин на работа од Струмица во цела Македонија. Го слушавме како вели дека е пракса да се даде мито и дека сите така правеле. Заев е пример кој што го следат и другите од неговиот Октопод на власт, а Фондот за иновации го покажа тоа.

Формалното бришење од сопственост, или формалното замрзнување на своето делување во компанија на политичари кои истовремено се и јавни функционери, како Заев, отвора можност, а и перцепција, за злоупотреба на позицијата на моќ.

Почитувани, сите политичари кои вршат јавни функции, доколку се сопственици, косопственици или пак акционери во одредени компании, бараме суштински да се отуѓат, бидејќи отвораат можност за корупција и за влијание на одредени економски текови во државата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го отуѓи уделот и повеќе не е сопственик на компанија.

Очекуваме Заев и неговите од Октоподот да го сторат истото.

Доколку Заев не го стори тоа се отвора реален сомнеж дека позицијата премиер ја користи за влијание врз економските текови и зголемување на профитите на неговите компании.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ