Стоилковски: Шилегов ги загуби изборите, ама си постави лифт во дивоградбата
Петре Шилегов ги загуби изборите за Скопје, ама си постави лифт за време на изборната кампања во својата дивоградба!
Почитувани,
Вградување на лифт во четирикатница, чини колку двегодишни градоначалнички плати во Град Скопје. Шилегов поставил лифт од луксузните гаражи за луксузните возила до дивоградбата на четвртиот кат.
Скопје пропаѓа, додека Петре Шилегов во 4 години изгради вила од 300м2 на Маврово, има нови возила во вредност од 130.000 евра, а семејната куќа ја претвори во зграда од 4 ката на диво, без дозвола за градба. Се тоа со градоначалничка плата.
Фирмата на Петре Шилегов, барем според податоците за приход, е на раб на банкрот, на пример во 2019-та година имала ќар од само 5.000 евра.
Скопје пропаѓа, а Петре Шилегов, гради во Карпош без документи, а од јавноста ги крие фирмите кои веќе половина година работат тука кај него.
Почитувани,
Скопје пропаѓа, затоа што Петре Шилегов е посветен на личен луксуз.
Скопје пропаѓа, а Шилегов гради луксузни вили за себе, затоа што гради дивоградби во Скопје, затоа што купува возен парк од 130.000 евра.
Скопје пропаѓа, а Шилегов зголеми имот за речиси половина милион евра.
Скопје пропаѓа, скопјани го казнија Шилегов и неговиот луксуз без документи.
Нема полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов, рече потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Прес-конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно