Македонија
23. January 2022 - 14:08

Стоилковски: Пазар дипломатијата на власта прави сериозни отстапки со кои се нарушуваат националните и државни интереси

Пазар дипломатија се однесува на онаа лоша политика која што до сега ја гледавме од страна на власта и оние отстапки кои што се прават со што, всушност се нарушуваат преговарачките позиции за кои што, неодамна и ние и јавноста добивме потврда од поранешен министер, кој што се додека беше министер, всушност, одрекуваше дека станува збор за нарушување на националните и државни интереси во однос на пазар дипломатијата. Оценката за тоа дека, сепак беше на таа страна во однос на нарушување на националните и државни интереси и оваа пазар дипломатиј, беше и онаа понуда со доматите, во однос на твитер неговите активности, кога нудеше гајба македонски домат во замена за отпочнување на преговорите. Одтогаш поминаа повеќе години и сепак, Македонија е на истата позиција со нарушени национални и државни интереси и позиции во однос на она што значи сега, бугарска блокада, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој беше и модератор на денешната трибина во централниот штаб на партијата насловена „Заштита на националните и државни интереси, наместо пазар дипломатија“.

Стоилковски сподели и едно негово работно искуство со претставник на Европската комисија за Македонија од периодот на 2000-тите години, Ерик Мереер кој имаше добри видувања за состојбите на Балканот по однос на условувањата што земјите членки во унијата ги правата на земјите кандидати.

„Во еден од оние моменти на  отворени прозорци и врати, бидејќи многу често се користи тој израз кога станува збор за пред некаков состанок, и евро преставници почнуваат да го наметнуваат сега е моментот, моментумот демек за нови ветришта да продуваат низ Европската унија. Ерик, во неврзан разговор после интервју вели, Европската унија и европските институции и европјаните, сметам дека неподготвени влегоа во проширување на Европската унија кон истокот, кон оние земји од Балканот и источниот дел на Европа. Затоа што, вели, вакви условувања какви што, и тогаш постоеше проблемот со Грција, имаат Грција кон вас ќе дојде Бугарија, ќе дојде да речеме некаква реакција помеѓу Србија и Хрватска, Србија и Црна Гора или Босна со Црна Гора. Значи оваа каша од условувања, кои што фактички немаат врска со европскиот начин на живот и на чин на размислување, на надминување на проблемите и она што значи основа на Европската Унија за отворени граници, движење и еднаквост помеѓу  економијата и, воопшто, човековите права, туку напротив ќе служи како еден вид на морков и стап за задоволување на своите застарени идеи и желби“, истакна Стоилковски.

Тој потсети дека сето ова што денеска ни се случува и што секоја држава бара Македонија да прави отстапки и промена, на пример, на Устав дека доаѓаат од периодот кога Зоран Заев сеуште не беше на власт и кој што во Берн истакна дека не може Македонија да не е виновна а сите држави околу неа да се виновни.

„Зоран Заев пред да дојде на власт и да доведе до ситуација да потпишеме два договора со кои што бевме убедувани дека се затворени прашањата и дека се исполнети условите и треба да се почне со преговорите со Европската унија. А се тргна од една кажана реченица во Берн кога Зоран Заев стана и рече, не може Македонија да не е виновна и сите други околу неа да се виновни и ги отвори прозорците и вратите за промена и прифаќање на се и сешто“, рече Стоилковски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ