Македонија
4. February 2020 - 11:21

Стоилковски: Како се добива тендер од еден милион денари и други 29 прашања за Мила Царовска

Почитувани, 30-те прашања за Мила Царовска и ги поставуваме пред Влада, новото место за дипломираниот социолог- вицепремиер за економски прашања.

1.Мила Царовска се обидовте ли со семејството пристојно да преживеете еден месец со 17.000 денари ?

2.Зошто не беа преземени превентивни мерки за да нема тепање на деца од лиценцирани дадилки?

3.Мила Царовска, што може да купи со 36 денари повисока пензија?

4.Како се добива тендер од еден милион денари?

5.Чие искуство од Европа е минималната плата да е над половина од просечната плата?

6.Колку случаи на враќање на плата кај газдата констатираше трудовиот инспекторат, или не сте слушнале за таа епидемија?

7.Колку даватели на услуги се вработени последниве две години, а не се лиценцирани и земаат иста плата како и лиценцираните?

8.Колку од 43 градинки за кои што се фалевте дека се отворени, се во функција и колку деца згрижуваат?

9.Колку и во кои јавни установи за деца низ Македонија се вработени специјални едукатори и социјални работници во рамки на инклузијата на деца од ранливите категории во предучилишното образование?

10.Мила царовска, колку социјални станови изградивте и колку социјални семејства се вселени во нив?

11.Што планиравте со имот на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца- Битола, и колку месечно чини неговото одржување?

12.Мила Царовска, зошто ви ги нема или не ви функционираат дневните центри за децата на улица?

13.Како “експерт “од повеќе области, на кој начин се подобрува слухот по 65 годишна старост, па се укинува додатокот за глувост ?

14.Каде и во какви услови се врши оценка на работна способност?

15.Дали воопшто е направена контрола дали се почитуваат правилата при вработувања на лица со попреченост за што има сериозни поплаки ?

16.Колку лица извлековте од сиромаштија последните три години?

17.Мила Царовска, на своето дете сте: Родител 1, Б, А или 2?

18.Што ви е поголем предизвик наутро- социолог, а вицепремиер за економски прашања или диригирање проблеми во МТСП преку заменичката министерка?

19.Кој е поубав: новиот пензионерски дом во Радовиш или новиот во Чаир или нема ништо од двата ветени?

20.Мила Царовска, зошто не успеавте да воведете семеен социјален работник?

21.Може ли да се добие социјална дебитна картичка?

22.До каде стигнавте со 50% зголемен опфат на деца со предучилишно образование?

23.Зошто не воведовте специјален едукатор (дефектолог, логопед…) во секоја градинка и училиште каде што има деца со попреченост?

24.Креиравте ли Државен фонд за исплата на законска издршка на деца?

25.Кога планиравте да отворите центри за ран детски развој?

26.Колку тежат договорите за закуп што ги склучи со физички лица, за деинституционализација и каде ќе одат штитениците по завршување на закупот?

27.Што содржи стратегијата за интеграција на бегалци и странци и дали е усвоена од Владата?

28.Дали се злоупотребени средства од ИОМ наменети за бегалци и мигранти за времените објекти во Визбегово кои што се користат за вдомување на бездомници?

29.Знаете ли што се случи со вашата пријава за Пензискиот фонд или ве опоменаа дека го чепкавте коалициониот капацитет?

30.Мила Царовска, дали знаете дека со снимање партиски спотови во владини објекти го кршите законот?

Ете тоа беа 30-те прашања од милионите проблеми во секторот кој што го водеше до вчера Мила Царовска, а за кои што знаеме дека нема одговори. А треба и ќе понесе одговорност по 12-ти април!