Loading Video...
Спорт плус
3. January 2021 - 17:41
Стох победник на скокалницата во Инсбрук
Камил Стох победи на третото натпреварување од традиционалната новогодишна турнеја „Четири скокалници“, а кое попладнево се одржа во австрискиот ски-центар Инсбрук
Полјакот собра најмногу бодови од судиите (261,6), а скоковите од 127,5 метри во првата и 130 метри во втората серија.
Зад него завршија Словенецот, Анже Ланишек и минатогодишниот победник на турнејата Давид Кубацки од Полска.
Стох е лидер во Генералниот пласман со 809,9 бодови, само 15 повеќе од сонародникот Кубацки, односно 20 повеќе од Норвежанецот, Халвор Гранервуд.
Така победникот на годинашното, инаку 69-то издание на турнејата „Четири скокалници“ ќе биде решен на последната во Бишхофсхофен, закажана за три дена (6 јануари).
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->