Свет
19. March 2016 - 14:20

Стивен Краб назначен за нов британски министер за труд

Конзервативниот пратеник Стивен Краб е именуван за нов британски министер за труд и пензии, соопшти денеска Владата во Лондон.

Краб го наследи Иан Данкан Смит, кој синоќа поднесе оставка на функцијата, несогласувајќи се со новиот британски буџет и со решението на министерот за финансии Џорџ Озборн за нови скратувања на бенифициите за хендикепираните лица.

- Таквата одлука (на Озборн) со ништо не може да се одбрани, изјави Данкан Смит, во образлоѓението на својата оставка, префрлајќи им на министерот за финансии и на премиерот Дејвид Камерон, дека се скратува на бенифициите за хендикепираните во новиот буџет, кој е „прилагоден кон оние со повисока заработувачка“.

Премиерот Камерон изрази „жалење и зачуденост“ поради оставката на Данкан Смит, но го прифати неговото заминување од владиниот Кабинет.

Данкан Смит беше министер за труд и пензии и во петходната коалициска влада на ториевците и либералдемократите. Тој важеше за близок и лојален сојузник на Камерон и ова е првпат да се спротивстави на некоја одлука поврзана со скратувањето на буџетските трошоци кои траат уште од мај 2010 година.

Тој е поранешен лидер на Конзерватвната партија, кој беше принуден да се повлече и беше заменет од Мајкл Хауард, кој се смета за ментор на Камерон, Озборн и на градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон.

Данкан Смит прв пат отворено се судри со Камерон околу референдумот за ЕУ, кога застана против премиерот и Владата, заговарајќи излегување на Велика Британија од Унијата.