Македонија
15. November 2019 - 17:31

Стигна помош за семејството со 5 малолетни деца од кумановско

Се врати надежта за подобар живот на семејството Вукановски од кумановско Бељаковце. По сторијата на Сител за седумчленото семејство со 5 малолетни деца кои едвај преживуваат, почна да пристигнува помош во нивниот скромен дом. Учениците и вработените во основното “Коле Неделковски” од Скопје организирале хуманитарна акција и им донираа повеќе пакети со храна и облека.

- Доаѓаме од Коле Неделковски и децата ви пратија многу подароци за вас, рече Светлана Масларевска, директор на ОУ “Коле Неделковски”.

- Што има? – праша едно од децата

- Се што сакате има внатре, храна, облека, додаде директорката.

Најрадосен и највреден беше најмалиот, шестгодишниот Милорад.

- Внатре има зејтин Јуфки. Ова е за Кико, а кој е Кико, најголемиот, рече најмалото дете Милорад.

- Добар ден! -Како Внуците, слушаат ли? Кој е најумен, ја праша директорката бабата на децата, а таа одговори дека најмалиот најмногу ја слуша.

- Се договоривме да ни дојдат и на приредба во училиштето во Скопје, рече директорката.

Семејството добило помош и кумановскиот Црвен Крст и други хумани луѓе кои финансиски ќе помогнат и во изградбата на куќата која поради сиромаштијата со години стои во оваа состојба.

- 3-4 луѓе доаѓаат за помош, помагаат за јадење, облека, ќебиња. Има заинтересирано сега луѓе и за оваа новоградба, , се заинтересираа да ми помогнат колку можат. Децата се одма друкшије, реагираат поопшуштено, не се како што беа стегнати, изјави Зоран Вукановски, од кумановско Бељаковце.

Зоран е невработен и сам се грижи за петте малолетни деца на возраст од 6 до 15 години.

- Семејството Вукановски се надева и на парична помош од државата. Во меѓуопштинскиот Центар Куманово поднеле барања за остварување на повеќе права за социјална заштита.