Стигна казната за монструмот - силувач: Кога ќе дознаете што правел, ќе станете гневни на него
Силувач којшто манипулирал со девојче, преправајќи се дека е дух, за тоа девојче да има сексуален однос со него, е затворен и осуден на 26 години затвор.
- Лиам Кларк знаеше дека таа е преплашена од зли духови и го искористи тоа за да ја искористи неа, соопштија од Крунскиот суд во Ексетер, пренесе Би-Би-Си.
Кларк (35) од Кродон, Девон, е осуден за четири силувања, три напади со пенетрација, сексуална активност со дете и осум точки за непристојност или непристоен напад.
Судијата Дејвид Еванс на судењето рече: „Вашето однесување низ годините беше монструозно”.
Судот слушнал како жртвата на Кларк била скаменета после лошото искуство за време на игра на табла на Уија.
Тој правел звуци во текот на ноќта, што го преплашило 15-годишното девојче и Девон почнал да и праќа белешки под вратата, тврдејќи дека се од духот.
Претставувајќи се дека е дух, тој потоа ѝ се заканувал на тинејџерката и ѝ рекол дека единствениот начин да се ослободи од демонот е да има секс со него.
За време на судењето, судијата Еванс кажа: „Таа рече дека не сака да има секс со тебе, но ти повторно ѝ се закануваше“
- Го искористивте нејзиниот длабок страв од духови, му се обрати тој на Кларк.
Грозните настани се случиле во периодот помеѓу 1997 и 2016 година во Торки, Кротон и во Хемпшир.
Кларк беше уапсен во јули минатата година, а во март оваа година беше прогласен за виновен.
Тој, исто така, постојано злоупотребувал две млади девојки во Саутемптон, ставајќи монети во својата долна облека и терајќи ги да да си играат криенка.
Кларк е ставен во регистарот за сексуални престапници и стана предмет на наредба за превенција од сексуални штети. Таа превенција го ограничува неговиот иден контакт со девојчиња.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари