Свет
17. July 2016 - 9:23

Стејт департментот ги советува граѓаните да ги преразгледаат плановите за патување во Турција

Стејт департментот ги советува американските граѓани да ги преразгледаат своите планови за патување во Турција, поради обидот завчера во таа земја да биде извршен воен удар.

Во соопштението американските граѓани се предупредуваат за зголемената закана од страна на терористичките групации на целата територија на Турција, а исто така се препорачува да се избегнат патувањата во југоисточнот дел на земјата.

- Поради обидот за преврат на 15 јули ги советуваме граѓаните на САД засега да ги преразгледаат плановите за патување во Турција, се вели во соопштението.