Стејт департмент: Остварен голем напредок против тероризмот
Соединетите Американски Држави и нејзините партнери остварија голем напредок во борбата против меѓународните терористички организации во 2018 година, се наведува во годишниот извештај на Стејт департментот за борба против тероризмот, објавен синоќа.
Како што е наведено во извештајот, заеднички е ослободена речиси целата територија што порано ја имаше Исламската држава во Сирија и Ирак, или површина од околу 110.000 квадратни километри и 7,7 милиони мажи, жени и деца се ослободени од бруталното владеење на Исламската држава. На тој начин е отворен патот за конечно уништување на таканаречениот „калифат” во 2019 година.
Во исто време, САД и нејзините партнери го продолжија прогонот на Ал-Каеда во светот, а САД применија максимален притисок врз Иран за да спречат поддршка на тероризмот. Санкциите за државните актери во Иран и нивните соработници се значително проширени и се создаде посилна меѓународна политичка волја за да се спротивстави на овие закани, пренесува „Гласот на Америка”.
И покрај успесите, ситуацијата во 2018 година и натаму беше комплицирана, се вели во извештајот. Иако Исламската држава ја изгуби речиси целата физичка територија, групата успеа да се прилагоди, особено преку своите напори да ги инспирира и манипулира своите следбеници преку Интернет. Во текот на изминатата година, глобалното присуство на Исламската држава еволуираше поради сродните мрежи и групи кои вршеа напади на Блискиот исток, јужна и источна Азија и во Африка. Покрај тоа, закоравените терористи од воената зона во Сирија и Ирак се вратија дома или ги испратија во трети земји, каде се заканува нова опасност од нив.
Сириските демократски сили, партнери на САД, заробија стотици борци на ИСИС минатата година. САД сакаа да бидат пример и имаше судења за американски граѓани кои се бореа со терористите во странство. Во меѓувреме, домашните терористи, инспирирани од идеологијата на Исламската држава, планирале и вршеле напади на таканаречени „меки цели”, вклучувајќи хотели, ресторани, стадиони и други јавни места. Нападот на Божикниот пазар во Стразбур, Франција, извршен во декември 2018 година, во кој загинаа три лица и беа повредени 12, ја покажа способноста на домашните терористи да извршат удрат во срцето на Западна Европа, констатира Стејт департментот.
Во октомври Белата куќа ја објави Националната стратегија за борба против тероризмот, прва од 2011 година. Таа ја истакна потребата да се одговори на широкиот спектар терористички закани со кои се соочува земјата, вклучувајќи ги ИСИС, Ал Каеда и групите за поддршка на Иран.
Во извештајот се истакнува дека САД ги продолжија своите напори за спречување на финансирање на тероризмот и дека ограничувањето на терористичките движења останува голем приоритет.
Ново на Сител
-
Во неговиот дом во Велес утрово мртов пронајден 43 годишен маж
-
Курти: Сите одлуки во надворешната политика ги носам во договор со Османи, Коњуфца и Гервала
-
Од понеделник почнува имплементација на планот за справување со корупцијата во правосудството, најави премиерот
-
Соработката на Министерството за локална самоуправа и Мировниот корпус на САД потврдена со потпишување на Меморандум
-
Мицкоски: Владата ќе одговори жестоко на сите провокации и обиди да се дестабилизира мирот и безбедноста во државата
-
Кина откри најголемо наоѓалиште на злато со проценета вредност од 76 милијарди евра
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
Премиерот Мицкоски очекува минимално зголемување на цената на струјата