Свет
7. September 2016 - 9:40

Стејт департмент: Напредок меѓу САД и Русија за Сирија

САД остваруваат напредок во преговорите со Русија околу тоа како да се постигне прекин на непријателството во Сирија, но нема да се согласат на ништо помалку од јасен пат кон остварување на целта, соопшти Стејт департментот.

Портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер првобитно изјави дека САД нема да прифатат ништо помалку од идеална спогодба.

Подоцна меѓутоа прецизираше дека на Вашингтон му е потребен јасен напредок во постигнување на прекинот на непријателството за да се постигне спогодба за Сирија. 

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека Русија и САД направиле уште еден чекор во дијалогот за Сирија и оти дошло до „одредени приближување“, истакнувајќи дека е можно договорот да биде постигнат за неколку дена.