Македонија
28. July 2015 - 16:29

Стејт Департмент: Македонија лидер во регионот во борбата со трговијата со луѓе

Македонија е лидер во поширокиот регион во борбата против трговијата со луѓе. ЖПо 5ти пат земјата е ренгирана во ТИЕР 1 групата држави кои ги исполнуваат стандардите за справување со овој вид криминал. Во најновиот извештај на Стејт Демартменот државата доби високи оценки поради покренувањето на истрага против седуммина полицајци поврзани со трговија на луѓе, пресудата против четворица, како и зголемувањето на средствата за помош  жртвите кои ги обезбеди  Владата. 

-Во извештајот се посочени сите 7 идентификувани жрвти, меѓу кои и три кои биле принудени сексуална експлоатација и три на трудова експлоатација. Владата за нивна заштита потрошила 183 илјади долари или 80 илјади долари повеќе во однос на претходната година.- За нас се уште е предизвик фактот дека Македонија останува како земја извор, транзит и дестинација на мажи, жени и деца кои се принудени на сексуална и трудова експлоатација, изјави Иво Котевски помошник министер за внатрешни работи. 

Стејт департментот и честиташе на Македонија за лидерството.

- Ја охрабруваме Македонија во наредните години да ги зголеми своите напори за борба против трговијата со луѓе за да остане регионален лидер во оваа сфера, и се надеваме на понатамошно партнерство со Македонија за ова, но и за други витални прашања од областа на владеењето на правото, стои во нивното  соопштение.

Државниот секретар Џон Кери им порача на земјите од светот овој извештај да ги охрабри за конечно да се стави крај на оваа мрачна појава на модерно ропство.

Македонските жени и девојки се сексуално и трудово експлоатирани во ресторани, барови и ноќни клубови.Децата, особено ромите се најчести  жртви на принудни бракови за кои ги продаваат  нивни роднини.

Во Македонија жртвите главно доаѓаат преку источна Европа или соседството.

Останатите земји од регинот во извештајот  се сместени во група земји кои не ги исполнуваат стандардите, освен Бугарија која се најде на посебна негативна ранг листа.