Македонија
20. July 2017 - 16:39

Стејт Департмент: Македонија да ги засили капацитетите за борба со тероризмот

Минатогодишното продолжување на акцијата Келија 2 и координираната акција со полициите од Косово и Албанија во кои беше вклучено македонското МВР се најдоа во годишниот извештај на Стејт департментоит за борба против тероризмот. Покрај овие два случаи реализирани за спречување на планирани напади, македонското МВР од САД доби признание и за приведувањето на петмина државјани кои се обидуваа да се приклучат на ИСИС.

Во извештајот и годинава влегува акцијата од кумановско Диво Насеље. Анлитичарите на Стејт департментот ги следат случувањата посочувајки дека целата година 2016 продолжил судскиот процес за обвинетите за тероризам.

Треба да се зајакне капацитетот на Македонија за откривање и спречување акти на тероризам без меѓународна поддршка. Поточно, полицијата има потреба од обука за команда и контрола, тактичко планирање и извршување, пишува во извештајот.

Поздравена е регионалната соработка и успехот на македонските обвинителчи да обезбедат затворски казни за обвинетите за тероризам.

На глобално ниво Стејт департментот посочува дека во споредба со 2015 бројот на терористички напади е намален за девет проценти, а бројот на смртни случаи се намалил за 13 отсто. Терористички напади во 2016 биле извршени во 104 земји, а повеќе од половина во Ирак, Авганистан, Индија, Пакистан и Филипините.

75отсто од 25,621 жртви на терористички напади биле од Ирак, Авганистан, Сирија, Нигерија и Пакистан.

И годинава Стејт Департментот  го посочува Иран како земја најголем финансиер на терористичките организации.