Македонија
15. January 2022 - 15:05

Стефковски: Железара добива нови пешачки патеки

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска изврши увид во градежните работи за изградба на нови пешачки патеки во населба Железара.

-Утрово започнаа градежните активности за изградба и реконструкција на пешачки патеки во Железара. Општина Гази Баба со изградбата на голем број на пешачки патеки ќе овозможи подобри и побезбедни услови за движење на пешаците. Иградбата на пешачки патеки со павер елементи ќе продолжи во следниот период во повеќето населени места во општина Гази Баба, напиша градоначалникот Стефковски на својот фејсбук профил.