Македонија
3. April 2017 - 19:05

Ставот на Иванов непроменет- Туск бара брзо решение врз демократски начела и здрав разум

По цел час тет-а-тет разговор со претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск, претседателот Иванов излезе со непроменет став- нема да го додели мандатот за состав на влада без отфрлање на Платформата на албанските партии.

Првиот човек на Европскиот Совет на средбата во Вила Водно потенцирал дека долготрајната политичка криза ја држи Македонија далеку од Европската Унија и дека е потребно да се изнајде решение кое ќе биде во согласност со демократските начела, пристојноста и разумот.

Двајцата соговорници н средбата која траеше половина час подолго од предвиденоторазговарале и за мигрантската криза. Иванов побарал конкретна поддршка од Европската Унија.

Мигрантската криза беше повод за балканската турнеја на Туск.

Тој во Скопје допатува од Љубљана каде со словенечкиот држќавен врв разговараше за важноста членките на ЕУ да останат обединети и по Брегзит.