-->
-->
Ставен во мирување штрајкот на рударите во „Саса“
-->
Штрајкот на рударите и блокадата на патот кон рудникот "Саса" се ставени во мирување, информираше претседателот на сидикалната организација на МЕСО во Македонска Каменица, Сашо Јованов.
Одлуката е донесена на состанокот, кој доцна синоќа се одржал во Владата на Република Македонија, а во присуство на раководствата на Сојузот на синдикатите на Македонија, Мултиетничкиот синдикат за образование и менаџерскиот тим на рудникот „Саса“ и како набљудувач присуствувала градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова. Јованов вели дека синоќа по 22 часот и 30 минути тргнати се блокадите од локалниот пат во Долна Саса, а од денеска рударите почнуваат со редовна работа.
- Договорено е преговорите да почнат во наредните два до три дена. Од наша страна ќе ги водат членовите на Управниот одбор на синдикалната организација на МЕСО од Македонска Каменица. Јас ќе бидам координатор, но нема на лице место да бидам на преговорите. Слободно ќе комуницирам со раководството на рудникот и ќе им ги доставувам барањата. Синоќешниот договор го постигнавме во интерес на рударите, вели Јованов.
Тој потенцира дека штрајкот е ставен во мирување, во текот на наредните денови ќе се преговара пред се за барањата за повисоки плати и за подобри услови за работа на рударите. Во рудникот за олово-цинк „Саса“ вработени се околу 700 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари