Живот
8. July 2018 - 12:50

Статус за Влатко кој го кине срцето: Собери ги сите твои омилени музичари и направете концерт таму горе, нека грми нека истура, да се исплачеме на раат

Не стивнуваат коментарите на социјалните мрежи по смртта на македонскиот пејач Влатко Илиевски, кој денес е погребан.
 
Шок, тага и неверување. Обожавателите, почитувачите, пријателите, соработниците изразуваат сочувство по смртта на 33 годишниот пејач кој во 2011 ја претставуваше Македонија на Евровизија.
 
-Почивај во мир Влатко. Прерано ти ги отворија небеските порти, ама бидејќи за жал веќе си во небесата те замолувам кога веќе си заедно со твоите омилени музичари, најди ги и собери ги, најди го Тоше и сите заедно направете концерт. Нека грми, нека има молњи, нека врне истура, да ги има сите сценски ефекти за да уживаме во концертот, но и да се исплачеме на раат, гласи еден од коментарите кој многумина не остави рамнодушни.