Македонија
17. јуни 2020 - 16:57

Статистика Ковид-19: 193 новозаразени, девет смртни случаи, 46 оздравени

Рекордна бројка на  новозаразени со коронавирус во Скопје. Од вкупно 193 нови случаи во целата држава изминатото денонокие дури 140 се од главниот град. Од компликации од Ковид -19 починаа 9 лица. Најмладиот е 47 годишниот ди- џеј Ицко, кој по десет дена лекување на Инфективна ја изгуби битката со вирусот.

Регистрирани се 46 оздравени пациенти, а новите случаи се откриени преку 1391 теста, односно 13,8 проценти од тестираните биле позитивни.

Во моментот во Македонија има 2469 активни случаи.Повеќе од половината се во Скопје.

И покрај секојдневната висока бројка на новоинфицирани, но и починати од Ковид-19  здравствените власти не планираат враќање на рестриктивните мерки.

Инаку властите на Пекинг град со над 20 милиони жители најавија враќање на рестриктивни мерки и ги повикаа граѓаните да не излегуваат без потреба од дома поради 106 нови случаи за една седмица.

И покрај полните болници со заразени со вирусот, Филипче уверува дека во јавното здравство има доволно капацитет да ги прими сите пациенти кои имаат потреба од  хоспитализација. Министерот за здравство очекува наредните 7 дена во установите да има повеќе примени од оздравени. Зошто веќе 3 недели нема пациенти на респиратор на Инфективна директорката на установата вели дека прво ги искористуваат останатите можности за третман.

Во моментот во Ковид центрите во државава се хоспитализирани 330 пациенти, а на испомош на колегите во Скопје се дојдени 54 доктори и сестри од внатрешноста.