Македонија
17. January 2022 - 16:38

Стаса извештајот на германските форензичари за тетовската трагедија

После четири месеци од увидот направен во опожарената ковид болница, тимот германски форензичари, го затвори извештајот со можни причини за несреќата. Од Јавното обвинителство велат дека документот е веќе во рацете на тетовските обвинители, но разбирлив за нив ќе биде откако ќе заврши преводот од германски на македонски јазик.

Од Обвинителството велат дека по направената споредба со останатите вештачења, ќе соопштат кои биле точните причини за пожарот и дали некој ќе одговара за трагедијата од 8ми септември во која загинаа 14 лица.

Според истрагата на МВР, пожарот во тетовската ковид болница го предизвикал прегреан продолжен кабел на кој биле приклучени дефибрилатор, полнач за мобилен и уште еден електричен апарат.

За помалку од три минути пламените јазици ја проголтаа модуларната болница, па под лупа на обвинителството е и начинот на кој се градел монтажниот објект.