Македонија
1. September 2020 - 19:44

Стартуваше со работа системот ,,Мој Термин‘‘

Наместо на 17 март да и биде направено ехо на дојка, оваа скопјанка доби лекарска услуга дури денеска, шест месеци подоцна во ГОБ 8-ми септември. Иста судбина има и друга нејзина сограѓанка која со месеци чекала за операција на око. Од денеска повторно профункционираа прегледите преку Мој Термин и сите пациенти кои беа одложени поради корона кризата конечно дојдоа на ред.

-Имав закажано на 17 март, па знаете неизвеснот, ама сепак завршив брзо работа.

-Ме викнаа за операција на око да одам во операциона сала, отидов, ама немаше операции, ми рекоа ќе ми се јават кога ќе почнат, инаку имав закажано во трети месец, вели скопјанка.

Пациентите кои ги затекнавме пред 8-ми септември велат дека не им е страв што се движат низ болнички ходници бидејќи немало гужви а сите мора да се придржуваат на здравствените протоколи.

-Не ми е страв, носам маска, дезинфекција, нема гужва.

-Нема опасност, се почитуваат мерки.

Директорот на болницата побара од пациентите да не се плашат бидејќи заразените со Ковид 19 ги хоспитализираат во целосно изолиран одел со посебен влез. Во моментот имаат 24ца со корона вирус од кои двајца се на респиратор.

-На влез се мери температура, епидемиолошка анкета и се почитуваат сите протоколи, вели др. Христијан Костов директор на ГОБ 8-ми септември.

Пациентите за операции во болницата ќе почекаат уште една недела додека заврши реновирањето на операционите сали.

- Со операции ќе почнеме после 7 ми септември да заврши реновирањето на операционите сдали. Ќе има операцион исали на абдоменална хирургија, ортопедија, урологија, орл и очно, вели др. Христијан Костов

200 закажани пациенти поминале денеска низ амбулантите на ГОБ 8-ми септември. Оваа болница која е прв Ковид Центар во државата 6 месеци беше целосно фокусирана на пациентите со Ковид 19.

Мој Термин од денеска функционира во сите здравствени установи, но со намален интензитет и прегледите ќе бидат на 30 минути.