Loading Video...
Фудбал
13. August 2018 - 17:25

Стартуваше битката за претседателската функција

По оставката на Илчо Ѓорѓиески од функцијата прв човек на македонскиот фудбал  се разгорува битката за нов претседател на ФФМ.

                Според процедурата заклучно до вчера  беа доставени кандидатурите на заинтересираните  кандидати.

                Од ФФМ објавија дека се примени четири кандидатури и тоа на  поранешниот претседател Хари Хаџи-Ристески , потоа Вујадин Станојковиќ, Влатко Костов и Сашо Тасев.

                Во текот на неделата се очекува комисијата при ФФМ да ги потврди кандидатите кои ќе се борат за претседателската функција а Изборното собрание е закажано за 1. Септември.