Фудбал
17. September 2019 - 16:19

Стартува групната фаза во фудбалската Лига на шампиони

 

Со два натпревари кои стартуваа во 18:55 часот, започнаа возбудувањата во групната фаза во фудбалската Лига на шампиони. 

Првите две средби ќе се играат во Милано и Лион, каде во дуел од Ф групата Интер ќе ја има улогата на фаворит против Славија Прага, а во меч од Г групата кај Олимпик во Лион гостува Зент. 
 
Дербито на вечерта е во рамите од Е групата во која Наполи со Елиф Елмас ќе го пречекаат актуелниот европски шампион Ливерпул. 
 
Интересно се очекува да биде и во Дортмунд, каде ќе гостува Барселона, како и во Лондон, каде Челзи ќе се сретне со Валенсија. 
 
Комплетни двојки за денешните натпревари од 1.коло во групната фаза во Лигата на шампионите
Е група
21: 00 НАПОЛИ - ЛИВЕРПУЛ
21: 00 САЛЦБУРГ - ГЕНК
 
Ф група
18: 55 ИНТЕР - СЛАВИЈА ПРАГА
21: 00  БОРУСИЈА ДОРТМУНД - БАРСЕЛОНА
 
Г група
18: 55  ЛИОН - ЗЕНИТ
21: 00  БЕНФИКА - РБ ЛАЈПЦИГ
 
Х група
21: 00  ЧЕЛЗИ - ВАЛЕНСИЈА
21: 00  АЈАКС - ЛИЛ

 

Останатите осум натпревари ќе се играат утре.