Македонија
22. December 2019 - 19:39

Стариот град на Охрид ја губи културната и архитектонска посебност

Охрид го губи препознатливиот сјај на старата градска архитектура . Продолжува да се уништува културното наследство и тоа во чуствителен момент кога Охридскиот регион е во опасност да го изгуби статусот на заштитено подрачје од Унеско, архитектот Зарчев вели дека нема контрола, ниту инспекциски или стручен надзор на објектите кои постојано се доградуваат и надградуваат.

Градските архитекти сметаат дека државата треба да превземе мерки во која насока ќе се движи градот.

Изминативе години градот доживува урбанистички бум соочен со предизвикот да го изгуби имиџот на градбите од 19 век.

Добрите познавачи сметаат дека треба да се направи внимателен спој на старата архитектура со модерните детали кои нема да влијааат на препознатливиот амбиент.