Свет
12. September 2016 - 19:11

Стапи во сила примирјето во Сирија

Во Сирија денеска, првиот ден од Курбан бајрам, стапи во сила примирјето договорено на состанокот на шефовите на дипломатијата на САД и на Русија, Џон Кери и Сергеј Лавров.

Примирјето е втор обид на Москва и Вашингтон оваа година да се стави крај на петгодишната граѓанска војна.

Ниту сириската Влада ниту бунтовниците кои се борат против претседателот Башар ал Асад не се изјаснија јавно дали го поддржуваат примирјето, но извори од двете страни навестија дека ќе го почитуваат прекинот на огнот.

Командата на сириската армија соопшти дека примирјето ќе биде почитувано седум дена на цела територија на Сирија.

Русија, која инсистира примирјето да се почитува на цела територија на Сирија, најави дека ќе продолжи да ги бомбардира терористичките мети.