Македонија
31. March 2019 - 13:13

Станка Трајкова нов претседател на Сојузот на здруженија на пензионери

Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија има нов претседател. Првпат по 73 години од постоењето на Сојузот за претседател е избрана жена.

- На изборната седница на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија одржана на 29 март 2019 година за нов претседател на СЗПМ и воедно претседател на Извршниот одбор на Сојузот е избрана  Станка Трајкова досегашен секретар на Извршниот одбор на Сојузот истакнат активист и стручњак со големо познавање на пензионерската проблематика, дипломиран правник и коавтор и автор на коментари на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и учесник во пензиските реформи. Трајкова е и носител и автор на повеќе проекти поврзани со пензионерската популација во  СЗПМ, информираат од Сојузот.

За претседател на Собранието на Сојузот беше избран Илија Адамоски, докажан активист и член на повеќе органи и тела во СЗПМ.