Македонија
18. August 2016 - 19:58

Стајковско езеро за заштита на Стајковци и Сингелиќ

Градоначалниците Тони Трајковски и Коце Трајановски го посетија Стајковското езеро и направија увид во состојбата на браната и коритото на езерото при што се констатира дека браната е во одлична состојба.

Браната на Стајковското езеро спречило голема количина на вода да се излее кон Стајковци и Сингелиќ , која доаѓа од Скопска Црна Гора, преку с. Смилковци, поминува под автопатот и се слева во Смилковско езеро и преку канали се излевала во Стајковското езеро.

Во моментов длабочината на Стајковското езеро на некои места изнесува до 5 метри.