Loading Video...
Фудбал
4. April 2020 - 16:06

Стадионот на Борусија Дортмунд привремена амбулата за тестирање Ковид-19

Веќе станува секојдневица по некој спортски објект да биде адаптиран за потребите на општеството во борбата против Ковид-19 вирусот. 
 
Откако информиравме дека во англија неколку стадиони дел од нивната инфраструктура ја адаприраа за потребиде на власите, денеска таква информација доаѓа од Германија. 
 
Имено стадионот на Борусија Дортмунд, „Сигнал Игуна Парк“, ќе се користи како привремена болница.
 
Бундеслигата е прекината, барем засега до средината на мај месец, па затоа раководството на „Милионерите“ реши дел од стадион, односно четвртиот кат да се адаптира во дневен центар во кој здравствените власит ќе може да спроведуваат тестови Корона вирус, а позитивните граѓани ќе бидат пренесувани во градската болница. 
 
 
- Мислам дека сега е време да помогнеме, кога најтешко и предизвик за сите. 
Не требаше многу да идејата да ја прифатиме и да кажеме „да“, бидејќи сите во клубот сме свесни дека со ова Борусија Дортмунд дава голем придонес, ијави Карстен Крамер генералниот менаџер на „Милионерите“.
 
Привремениот здравствен центар на стадионот започна со работа денеска.