-->
-->
ССМ: Со растот на просечната плата да расте и минималната
-->
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) информира дека се залага минималната плата да порасне на 60 отсто од просечната плата затоа што е тоа европска тенденција и случај во сите европски држави.
ССМ во допис до медиумите посочува дека и денес, како и кога почнале да ја пресметуваат синдикалната минимална кошничка, податоците се исти – просечната плата во земјава покрива околу 70 проценти од синдикалната минимална кошничка.
-Ако се земе предвид дека синдикалната минимална кошничка за јануари 2021 година изнесува 33.650 од кои само за храна и пијалаци треба да се издвојат најмалку 14.000 денари, произлегува дека работник кој работи за минимална плата заработува само за леб и за вода, а доколку двајца работници од едно семејство работат за минимална плата, им недостасуваат 3.782 денари до висината на кошничката за да си ги овозможат само неопходните работи за преживување, а не и за нормален живот, наведува ССМ.
Сојузот посочува дека системското решение веќе го обезбедиле со колективните договори со утврдување на вредноста на трудот преку коефициенти, но за жал, како што пишува во соопштението, во компаниите кои не се синдикално организирани во изминатиот период ова не се применуваше и најголем број работодавачи кои исплаќаат плата во висината на минималната плата, не исплаќаат додатоци и надоместоци на плата, туку ги пресметуваат во висина на минималната плата на работниците, што не е законски.
– Mора сите заедно да работиме на заздравување на економијата, а во наредниот период потребна е поголема реализација на капиталните инвестиции, како и сериозни напори за отворање нови работни места и стимулирање на работодавачите кои ќе го прават тоа, се со една цел да не дозволиме нашите македонски работници поради чувството дека не им се вреднува трудот и поради непочитување на нивните работнички права, наместо да ја градат и развиваат македонската економија во следниот постковид-период, да придонесуваат за развој на западноевропските држави, наведува Сојузот на синдикатите на Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО