Loading Video...
Спорт плус
31. July 2021 - 11:32

Срушени два Светски рекорди во пливање

 
 
 
Американецот Кејлеб Дресел го освои својот трет златен медал на Олимпијадата во Токио притоа поставувајќи нов Светски рекорд на 100 метри пеперутка. Дресел исплива време од 49 секинди и 45 стотинки, што е за само 5 стотинки побрзо од неговиот рекорд поставен на Светското првенство во 2019 година.
 
Унгарецот Кристоф Милак кој беше победник на 200 метри пеперутка, сега мораше да се се задоволи со среброто, а бронзата му припадна на Швајцарецот Ное Понти.
 
Британскиот тим во мешана штафета 4х100 метри предводен од Адам Пити го сруши светскиот рекорд. Британците изпливаа време од 3:37,58 секунди што беше за 83.стотинки побрзо од досегашниот рекорд на Кинезите, чиј штафетен тим оваа трка ја заврши на второто место, пред бронзената Австралија.
 
Американката Кетлин Ледецки освои злато во дисциплината 800 метри слободно што е нејзино трето во низа на Олимпијадите. Австралијката, Титмус освои сребро, а Италијанката, Квадарела бронза.
 
Австралијката, Кејли Мекин доплива до својот втор златен медал во Токио. Откако беше најдобра на 100 метри грбно, во истата дисциплината но на двојно подолгата патека Мекин изплива за 2:04.68 што беше доволно зад себе да ги остави ривалните Кајли Мас од Канада и сонародничката Емили Сибом кои се закитија со среброто и бронзата.