Живот
15. May 2016 - 10:36

Српско-британска евровизиска љубов

Една од главните теми во британските таблоиди поврзана со овогодишниот Избор за песна на евровизија во Стокхолм е наводната „љубовна приказна“ меѓу српската претставничка на Евросонгот, Сања Вучиќ и еден од двајцата пејачи во британското евровизиско дуо Џо Вулфорд.

Таблодите тврдат дека дека Вучиќ „опасно се загреала“ по Вулфорд, па дури и го поканила во нејзината хотелска соба во Стокхолм.

„Дејли Стар“ повикувајќи се на неименувани извори наведува дека 22-годишната српска пејачка почнала да му се додворува на 21-годишниот Џо уште на првата полуфинална вечер на Евросонгот во вторникот, како и дека тоа додворување станало поинтезивно откако во четвртокот таа успеа да се пласира во синоќешното финале.

- Сања се лепеше за Џо. Опседната е со него, изјавиле истите извори за „Дејли Стар“.

Весникот наведува дека организаторите на Евросонгот во Шведска биле „шокирани од бесрамното додворување“ на Вучиќ, додавајќи дека засега нема информации дали Џо потклекнал на „љубовните напади“ на српската пејачка.