Српските социјалисти бараат подигнување споменик на Милошевиќ во Белград
Социјалистичката партија на Србија (СПС) официјално побара во Белград да биде подигнат споменик на поранешниот претседател на СР Југославија и Србија и нејзин партиски лидер Слободан Милошевиќ.
Предлогот на СПС, во изјава за „Блиц“ го потврди партискиот почесен претседател Милутин Мркоњиќ, кој досега во неколку наврати безуспешно ја иницираше оваа идеја.
Иницијативата е доставена до Комисијата за именување улици и плоштади при Градското собрание на Белград, кое допрва треба да биде конституирано по изборите одржани во неделата.
Претставничка на иницијаорите во изјава за „Блиц“ тврди дека одговор на предлогот очекуваат за „месец, до два“.
Ако Комисијата даде позитивно мислење за предлогот, конечното решение по него треба да го донесе белградското Градско собрание во кое мнизунство има коалицискиот партнер на СПС, Српската напредна партија (СНС) на претседателот на Србија, Александар Вучиќ
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд