Loading Video...
Свет
4. December 2019 - 19:50

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска беше на гости кај претседателот на Русија, Владимир Путин

По состанокот во Сочи, двајцата изразија задоволство од средбата и го нагласија унапредувањето на соработката меѓу двете земји, како на економски, така и на политички план, но и во областа на одбраната. На состанокот Путин и Вучиќ разговарале за Косово, но и за состојбата во Западен Балкан.

Српскиот претседател истакнал дека не е оптимист дека Белград и Приштина може да постигнат позитивно решение за меѓусебниот спор и му се заблагодари на Путин за поддршката во таа насока, истакнувајќи дека ако Србија може да се потпре на некого, тоа е Русија.
Путин, пак, изрази задоволство од стратешкото партнерство меѓу Русија и Србија, пред се на полето на политиката и одбраната.